Екипите на Златара Бени Ерол и Бразилиан ќе се борат за шампионскиот пехар на годинашното издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, откако вечерва триумфираа во полуфиналните натпревари.
Во првиот полуфинален дуел, Златара Бени Ерол и Сатеска одиграа неизвесен натпревар кој во регуларниот тек заврши 2:2. Финалистот беше решен по изведувањето пенали, каде повеќе присебност покажа Златара Бени Ерол, која славеше со 3:2.
Во второто полуфинале, Бразилиан приреди изненадување совладувајќи го актуелниот шампион Асп Пак со 2:1, обезбедувајќи си место во големото финале.
Завршницата на турнирот е закажана за петок, 7 август, кога ќе бидат одиграни натпреварите за конечниот пласман:
Натпревар за 3. место
- 21:00 часот – Сатеска – Асп Пак
Големо финале
- 22:00 часот – Златара Бени Ерол – Бразилиан
OhridNews














