Охридските боксери Бојан Ристевски и Сашо Лескароски освоија златен односно сребрен медал на турнирот во Приштина.

Во борбата за златниот медал Ристевски во финалето го совлада албанскиот боксер Серхио Сина додека Лескароски претрпе пораз од домаќинот Газмин Гаши. Покрај златниот медал Ристевски заедно со неговиот противник во финалето Сина беа прогласени за најдобар пат.

Мечевите во Приштина се загревање за Лескароски и Ристевски пред мошне квалитетниот турнир “Белградски победник“, кој започнува на 15 април.

Мх.П.