Во организација на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет ,,Мобилност,, на Македонија, во тек се 26-тите републички спортски игри на кои и стрелаштвото е застапено како дисциплина. Во рамките на овие игри, 3 стрелци од Стрелачкиот клуб ,,Охрид,, зедоа учество, и сите тројца се пласираа на првите три позиции во своја категорија.

На натпреварот учествуваше и параолимпијката Оливера Наковска-Бикова која е неприкосновена во своја конкуренција. Таа во дисциплината воздушен пиштол-жени испука резултат од 386 кругови, што воедно претставува надминување на нејзиниот и параолимпискиот рекорд за цели 5 кругови. Вториот член на параолимписката репрезентација, Ванчо Каранфилов, испука резултат од 546 кругови, со што се пласира на втората позиција во апсолутна категорија-пиштол.
Повеќе од очигледно е дека на охридското стрелиште, кое е и најдоброто во Македонија се постигнуваат резултати од светски ранг, но заради каприци на раководството на Македонската спортска стрелачка федерација, ова стрелиште не се најде на листата на организатори на натпреварите според Календарот на активности за 2014 година.
Ohridnews











