Кристијано Роналдо со 12 погодоци се закити со титулата најдобар стрелец во Лигата на Шампиони.


Но, и тие 12 погодоци не беа доволни за Реал Мадрид да стигне до финалето во Лигата на Шампиони.


Втор веднаш до Португалецот е “крвникот“ на неговата екипа, Роберт Левандовски, кој пет од десетте голови ги даде против Реал Мадрид.

Третото место го делат тројца фудбалери со по осум погодоци Лионел Меси, Томас Милер и Бурук Јилмаз.

Златан Ибрахимовиќ со седум асистенции е најдобар фудбалер во таа категорија. По пет додавања за погодок имаат Карим Бензема, Месут Озил, Анхелд Ди Марија, Марио Геце и Френк Рибери.

Мх.П.