Девојките од светски познатиот гудачки состав,„ Бонд“  кој синоќа на Античкиот театар, пред неколку илјадната публика приреди вистински спектакл , на подарок од охридскиот градоначалник Никола Бакрачески  добија подароци, копии од охридската Златна маска.

Девојките не го криеја своето задоволство што се во Охрид и ќе настапат на фестивалот Охридско лето,  како што истакнаа, фестивал со долга и успешна традиција на кој настапувале големи музички имиња.

OhridNews
фото: Емилио