-Просторот во кој ќе биде сместена Златната соба е веќе подготвен, но за нејзиното свечено отворање потребно е да се доврши каталог за предметите кои ќе бидат изложени. Тоа е неопходна публикација која мора да биде завршена до свеченото отворање. Бидејќи се работи за обемно и луксузно издание кое мора да биде квалитетено, потребно е повеќе време за неговото довршување, велат од Завод и Музеј од Охрид.
Таа нагласи дека поради тоа што во Златната соба ќе биде изложена една од најскапоцените музејски поставки во Македонија истата ќе биде максимално обезбедена, со најсовремена апаратура за заштита.
– Се работи за постојана музејска поставка од која секојдневно ќе биде достапна за разгледување. Златните предмети ќе бидат изложени во витрина која се движи во круг. Тука ќе бидат ставени сите златни предмети кои се откриени со археолошките истражувања досега во Охрид и охридскиот крај. Покрај златната маска ќе бидат изложени сиот златен накит од некрополите, златни обетки, ѓердани со драги камења, златни прстени и целото ексклузивно богатство, односно лихнидското благо кое го имаме пронајдено, појаснуваат од Завод и Музеј.
Инаку отварањето на Златната соба во Куќата на Робевци се најавува уште од 2006-тата година, но досега истата сеуште е недостапна за посетителите.