
Најмалите охриѓанчиња ќе имаат ретка прилика да се забавуваат со најновите детски хитчиња. Со секој купен билет од 100 денари ќе добијат и ЦД со најдобрата детска музика и сокче. Картите може да се набават на билетарата на Центарот за култура.
Караванот концерти на реномираниот фестивал „Златно славејче“ се оддржува низ повеќе општини во државава а организатор е СТ- продукцијата од Скопје. Оттаму додаваат дека „Златно славејче“, како најреномираниот фестивал со традиција долга 45 години, со ваквиот начин, кој за прв пат се организира, ќе стане поблизок и за децата кои се од другите градови.
Концертот има хуманитарен карактер, а дел од собраните средства ќе бидат наменети за подобрување на условите за работа каде децата ги оддржуваат пробите.
OhridNews











