По долгогодишни најави, во среда, 24-ти декември во музејот „Робевци“ ќе биде отворена Златната соба. Тука ќе бидaт изложени вредните предмети пронајдени при археолошките истражувања во охридскиот регион.
На отворањето на Златната соба ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, а ќе биде промовиран и каталогот „Златото на Лихнитида“, за што ќе зборува проф. Вера Битракова Грозданова.
Во ексклузивната поставка во Златната соба ќе бидат изложени околу 400 златни предмети, меѓу кои и златната маска. Златните предмети ќе бидат изложени во специјална витрина која се движи во круг, а просторијата, како и целиот објект ќе бидат соодветно заштитени.
OhridNews