По долгогодишни најави, денеска во музејот „Робевци“ ќе биде отворена Златната соба во која ќе бидат изложени вредните предмети пронајдени при археолошките истражувања во охридскиот регион.
На свеченото отворање на Златната соба ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, а ќе биде промовиран и каталогот „Златото на Лихнитида“.
Во ексклузивната поставка во Златната соба ќе бидат изложени околу 400 златни и позлатени предмети откриени на археолошките локалитети во Охрид и охридско, со хронолошка припадност од 7 век пред нашата, па се до 19 век од нашата ера. Златните предмети ќе бидат изложени во специјална витрина која се движи во круг, а просторијата, како и целиот објект ќе бидат соодветно заштитени.
OhridNews