СВР- Охрид лиши од слобода едно лице, кое од страна на жител на струшко село било посочено дека во изминатите денови извршило полов напад врз неговата 14- годишна ќерка.

Од СВР- Охрид информираат дека по вчерашното пријавување на настанот од страна на родителите во струшката Полициска станица, преземени се мерки за расчистување на случајот.

Во тек се разговори со лицето лишено од слобода, а ќе се испрашуваат и евентуалните сведоци.

OhridNews