Цените на горивата бележат значителен пад. Бензините од вечер на полноќ ќе се продаваат поевтино за 3,5, односно 4 денари, а цената на дизелот ќе биде пониска за 7 денари.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 3,50 ден/лит, и од вечер на полноќ ќе изнесува 84,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 4,00 ден/лит, и ќе изнесува 86,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 7,00 ден/лит. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 3,932 ден/кг, и од полноќ ќе се продава по цена од 42,291 ден/кг.

Г.М.