Под влијание на циклонска активност од денес следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено денес и утре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Врнежите ќе бидат поинтензивни попладне.

Влажниот бран ќе предизвика значително освежување и пад на температурите за 7-8 степени. Така, максималната температура денеска во Охрид ќе достигне до 26 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Уште посвежо ќе биде утре. Ќе преовладува претежно облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 24 степени.

Г.М.