Според мерењета на Управата за хидрометеоролошки работи, утрово температурата на водата во Охридското Езеро изнесувала 23 степени Целзиуосови. Се очекува таа да се спушти поради најавата за дестабилизација на времето за време на викендот. Попладнево претежно во јужните и источните делови се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со пообилни врнежи, услови за појава на град и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, особено во југоисточните делови, информираат од УХМР.

Oблачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2) ќе биде и во недела. Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура на воздухот во недела во Охрид ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

 

OhridNews