Во општина Струга до 17 часот значително помал број гласачи се регистрирани на претседателските избори 29.13 % од вкупно запишаните 58.027 граѓани, додека за предвремените парламентарни избори правото на глас го искористите 38,5 отсто од 57.144 граѓани запишани во избирачкиот список.
Акредитираните набљудувачи во Струга забележале непознати лица пред избирачки места како вршат евиденција на гласачите, но од ОИК велат дека изборите течат мирно и без проблеми.
OhridNews