Од буџетот на државата обезбедеби се милион евра за изградби на локални улици и патишта, што ќе биде олеснување за општина Охрид, бидејќи покрај општинскиот буџет државата ќе помогне за реализација на сите општински проекти. Ова го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој вчера беше во работна посета на Охрид, каде изврши увид во градежните активности околу целосната реконструкција на улицата „Абас Емин“, една од поважните сообраќајници во градот.
Улицата „Абас Емин“ главно се реконструира со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, но и со дел средства обезбедени од општинскиот буџет. Паралелено на сите активности се работи на транзитот во Охрид преку ЈП за државни патишта, се работи и на голем дел водоводи и канализациски мрежи, рече Сугарески.

На терен се поставува целосно нова водоводна и канализациска мрежа, на сообраќајница за која воопшто нема подземен катастар така што во самиот процес на работа се наидува на огромен број диви приклучоци од станбени објекти, невпишани подземни инсталации, односно непредвидливи зафати што го усложнуваат процесот, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

OhridNews











