Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно и студено време со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд, информира УХМР. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Утре на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2, а во североисточниот дел и над 20л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Максималната дневна температура во Охрид ќе се задржи до 3 степени Целзиуови.
Во петок се уште ќе има повремени од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат.
Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Во утринските часови во сабота, како и во недела на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.
Инаку според утинските мерења на УХМР, нивото на Охридското Езеро е 11 сантиметри над утврдениот придоден максимум кој изнесува 693,75 метри надморска височина.
OhridNews












