Во периодот јануари јуни 2006 година Охрид бележи пораст на бројот на остварени ноќевања од 13,3 проценти. Во првите шест месеци од годината бројот на ноќевања на домашни туристи се намалил за 2,6 проценти, додека бројот на ноќевања на странски туристи бележи зголемување од 23,2 проценти.

Бројките влеваат оптимизам изјави во неодамнешното видео интервју за OhridNews градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој изрази задоволство од зголемувањето на наплатата на туристичка такса во првото шестомесечие речиси за третина во однос на 2012 година.

-Едно е визуелниот впечаток, друго се бројките. Ќе почекаме да заврши второто шестомесечие да видиме каква била оваа туристичка сезона во однос на минатата. Податоците говорат дека наплатата на туристичка такса во првите шест месеци од годинава е за 29 проценти поголема во однос на истиот период лани, што е огромно подобрување, додека ноќевањата бележат пораст од 13,3 проценти. Јас верувам само на факти, изјави за OhridNews Бакрачески.

Хотелските капацитети во Охрид оваа туристичка сезона работат речиси со полн капацитет, но се чувствува пад во приватното сместување каде исполнетоста летово е под очекувањата.

OhridNews