Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2013 година изнесува 61 300, а бројот на ноќевањата изнесува 138 375.  Бројот на туристите во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, е зголемен за 19.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 13.0%.

Бројот на домашните туристи во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, е зголемен за 6.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 26.1%.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, е зголемен за 11.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.7%.

Во периодот јануари- октомври 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.8%, а кај странските има зголемување за 14.1%.

Во периодот јануари- октомври 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 4.6%, а кај странските има зголемување за 8.2%.

OhridNews