Здружението на новинари на Македонија поднесе претставка до внатрешната контрола на МВР и бараат да се открие лицето кое нареди да се користи сила против новинарите кои беа насилно исфрелни од собраниската галерија.

„Денеска доставивме претставка до МВР со која бараме од МВР да го открие идентитетот на лицето кое нареди да се користи сила против новинарите во Македонија без никаков основ  и секако инсистираме да се отвори постапка и да се санкционира. Исто така слична постапка бараме и за лицата припадниците на обезбедувањето коишто беа вмешани во користењето на насилство врз новинарите. Веруваме дека во МВР,најголем број од полицајците се професионалци и ќе го препознаат ова непрофесионално однесување на нивните колеги . Очекуваме да се дистанцираат од нив и да се санкционираат . Штета е направена, сега на потег се институциите да го спасат нивниот образ и образот на земјата пред светот “ изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Во понеделник на собраниската седница за донесување на буџетот, новинарите беа насилно исфрлени од собраниската галерија. Потоа беше исфрлена и опозицијата која претходно ја имаше запоседната собранската говорница. Мнозинството потоа го изгласа буџетот за 2013 година.

OhridNews
извор:„Макфакс“