Ова е ставот на ЗНМ, откако со петочниот договор за надминување на политичката криза беше изразена подготвеност за продолжување на дијалогот на властите со новинарите.
– ЗНМ, како легитимен претставник на новинарите, е подготвено да го обнови дијалогот штом надлежните институции го расветлат инцидентот со новинарите и утврдуваат одговорност за оној што го нареди нивното исфрлање од собраниската галерија. Со тоа ќе се покаже дека во Македонија се почитува слободата на изразувањето и дека секое прекршување ќе се казни. Потсетуваме дека целта на дијалогот беше да ја зајакнеме слобода на изразување и во никој случај не може да биде покритие за нејзиното прекршување“, велат од ЗНМ.
Makfaks