Здружението на новинарите на Македонија и Македонскиот институт за медиуми денеска ќе го престават документот „Акциски план за подобрување на состојбите со медиумите во Република Македонија“.
Документот е резултат на работата на 40-тина истакнати медиумски уредници, новинари, сопственици, менаџери и медиумски експерти и е подготвен во широк консултативен процес кој траеше изминатите два месеци.
„Во планот се посочени приоритетни области и проблеми за кои претставниците на медиумската заедница сметаат дека сериозно влијаат на влошувањето на медиумскиот амбиент и го стеснуваат просторот за развој на медиумскиот сектор, како и конкретни принципи и чекори, кои предвидуваат суштинско вклучување на медиумската заедница во решавањето на овие прашања“, се вели во соопштението од ЗНМ и МИМ.
извор: Makfaks











