
„Овој предлог се базира на најдобрите европските практики дополнет со најдобрите идеи од македонските новинари, медиуми и експерти. Тој ќе ги ослободи македонските медиумите од притисокот на политиката и ќе придонесе да имаме попрофесионални и поодговорни медиуми. Со прифаќање на предлозите на Ван Хауте, МРТ ќе биде сервис на граѓаните, а на не политичките партии, а Агенцијата на медиуми стручно и професионално тело кое ќе ја штити слободата на медиумите. Со тоа, исто така, ќе престане една лоша практика власта со јавни пари да ги корумпира и контролира медиумите.“ – велат од ЗНМ.
Оттаму посочуваат дека со спроведувањето на понудените реформите Македонија ќе научи важна лекција дека во демократски земји медиумите треба да работата без притисок со цел точно и навремено да ги информираат граѓаните и да бидат коректив на работата на секоја власт. „Со реформите во медиумите ќе обезбедиме услови за слободни избори и ќе направиме сериозен чекор напред за побрза интеграција во ЕУ.“ – смета ЗНМ.
ЗНМ ги повика ЕУ и САД да ги убедат политичките партии да ги прифатат предлозите на Ван Хауте и да не прават болни компромиси кои нема да бидат во интерес на слободата на медиумите.
OhridNews











