Во создавањето на демократски амбиент за фер и регуларни избори, своја улога имаат и медиумите.

Здружението на новинарите на Македонија, упати апел до своите членови и сите претставници на седмата сила, со своето професионално информирање да дадат придонес за достоинствено одржување на локалните и претседателските избори.

“Професионалното однесување и почитувањето на Кодексот на новинарите на Македонија на денот на изборите ќе биде од огромен придонес за демократски избори. Фаворизирање или намерно оцрнување на учесници во изборите ќе влијае негативно врз имиџот на новинарската професија и на имиџот на земјата во целина“, се вели во повикот на ЗНМ.

OHRIDNEWS