ЗНМ најостро ја осудува изјавата на премиерот Никола Груевски во која тој посочува дека медиумите А1 ТВ, Време, Шпиц и Коха Е Ре се непрофесионални медиум, повикувајќи ги граѓаните сите информации кои се емитуваат на овие медиуми да се земаат со сериозна резерва.
Со ваквата изјава претседателот на Владата Никола Груевски врши политичко жигосување на медиумите, а истовремено нанесува и сериозна материјална штета, сериозно загрозувајќи го начелото на конкурентноста, стои во реакцијата на ЗНМ.
Здружението на новинари бара од претседателот на Владата Никола Груевски јавно да се извини за искажаните зборови против медиумите А1, Време, Шпиц и Коха Е Ре.
За релевантноста и точноста на информациите објавени во медиумите суди јавноста, а новинарите одговараат пред Судот на честа при ЗНМ. Затоа ниту еден политичар, во случајот премиерот Груевски нема право и не смее да етикетира и навредува новинари и медиуми. – се вели во соопштението на ЗНМ.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.