Здружението на новинарите на Македонија жали за трагичната смрт на новинарот и сопственикот на весникот “Фокус” Никола Младенов.

Во соопштението по тој повод се вели:

„Прераното заминување на Младенов не е само голема загуба за неговото семејство и неговите пријатели, туку претставува огромна загуба и за сите македонски новинари. Изгубивме колега, кој остана верен на неговите читатели и критичен на секоја власт. Вакви новинари се ретки и затоа загубата е огромна. Никола беше и останува светла точка на македонското новинарство, од кого ќе можат да учат иднините генерации новинари.

ЗНМ изразува сочувство на семејството на Младенов и на неговите блиски соработници и пријатели.

Почивај во мир колега!“

OhridNews