И денешниот олимписки ден донесе многу возбудувања и моменти за паметење на зимските олимписки игри во Италија.

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада настапи во квалификациите во крос-кантри спринт, каде заврши на 89. место од 94 натпреварувачи.

Италија доминираше со подиуми пред својата публика.

Во мешано штафетно натпреварување во кратко тркање на мраз (short track), италијанскиот тим предводен од легендарната Ариана Фонтана освои златен медал, нивниот втор златен на овие игри. Во дисциплината мешани двојки – карлинг, Италија успеа да освои бронза, победувајќи ја Велика Британија во натпреварот за третото место.

Словенечкиот тим (вклучувајќи ги братот и сестрата Превц) ја одбрани титулата во мешани скокови, оставајќи ги зад себе Норвешка и Јапонија.

Во алпско скијање тимска комбинација – жени, триумфираа австријките Ариане Раедлер и Катарина Хубер, пред германската двојка Кира Вајдле-Винкелман/Ема Ајхерките и американските скијачки Жаклин Вајлс и Паула Молцан кои го завршија натпреварувањето на третото место.

Во Генералниот пласман води Норвешка со 12 медали, од кои 6 злата, пред Германија и Шведска кои имаат по 6 сјајни одличја.

Г.М.
Фото: ИОК/Х