Американецот Боде Милер на трката во супервелеслалом го освои бронзениот медал и стана највозрасниот (36 години) скијач кој се закитил со медал на Зимските Олимписки игри.
Тој медалот и новиот рекорд ги прослави емотивно и ги посвети на неговиот брат, кој почина минатата година.
– Загубата на брат ми беше преголем удар за мене и мојата фамилија. Се поднесував емотивно затоа ова достигнување му го посветувам него, кој сигурно будно ме следи – рече Милер.
Победник на трката супервелесламом беше Норвежанецот Кетил Јансурд, второ место му припадна на Ендрју Вајбрехт додека третопласирани беа Милер и Јан Худец.
Мх.П.