Хокеарите на Канада го одбранија златото во хокеј на Зимските Олимписки игри во Сочи. Во финалето „црвено белите“ ја совладаа селекцијата на Шведска со 3-0.
Пред четири години канаѓаните ја освоија титулата победувајќи ја Америка во финалето 3-2, а сега најлутиот противник го елиминираа во полуфиналето.
Во трите третини канаѓаните постигнаа по еден погодок и сосема заслужено го одбранија златото во хокеј.
Мх.П.