Хокеарите на Канада против Шведска ќе го бранат златниот медал од Ванкувер на Зимските олимписки игри во Сочи. Во полуфиналните натпревари Канаѓаните ги совладаа Американците со 1:0, додека Швеѓаните беа подобри од Финска со 2:1.
‘Вечното дерби’ помеѓу Канада и САД го реши Џејми Бен со голот кој го постигна на истекот на 22.минута.
Полуфиналето мина во знакот на голманите Кери Прајс (Канада) и Џонатан Квик (САД), Прајс имаше 31 одбрана, додека Квик од 37-те удари кои беа упатени кон неговиот гол одбрани 36.
Шведска, актуелниот светски првак, до победата над Финска стигна со пресврт, откако Финците поведоа со голот на Јокинен. Пресвртот го направија Ериксон и Карлсон.
Шведска, на ОИ има освоено два златни медали, во Лилехамер и Торино.
„Макфакс“