Словенката Тина Мазе и Швајцарката, Доминик Гисин го поделија првото место на подиумот во дисциплината алпско скијање.

Двете скијачки делницата ја минаа со исто време 1:41:57 и двете се закитија со златен медал додека бронзата и припадна на Лара Гут од Швајцарија.

Златото од алпското скијање е прво за Словенија од Олимписките игри во историјата и таму Мазе веќе прогласена за народен херој.