Македонскиот олимпиец Дарко Дамјановски за момент се најде во центарот на македонската јавност, но не поради резултатот и пласманот на Зимските Олимписки игри во Сочи туку што од таму си прави бизнис и го продава телефонот, кој е поклон од организаторите.
Тој на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ преку оглас го продава телефонот, а за повеќе информации треба да го исконтактирате лични него.
После извесно време нашиот Олимпиец, кој не се прослави на првиот настап во нордиско трчање откако заврши на 78-та позиција од 86 натпреварувачи пак преку својот профил го дементарише „огласот“.
– Значи, ова новинарите што го пишуваат нема ништо точно, телефонот не се продава, но има многу други кои ги продаваат. Па така нашите новинари не знаат ништо паметно да пишат или да се јават да ме прашаат како течат игрите, тие пишуваат глупости. Значи, телефонот на Дарко не се продава и нема цена некој да го плати, поздрав од Сочи – стои во демантот на Дамјановски.
Пред еден од трите македонски учесници во Сочи има уште два олимписки предизвици и откако ќе се врати може да преговара лично за продавање на телефонот, кој треба да му е поклон и долго сеќавање од Зимските олимписки игри.
Мх.П.