Русинката Јулија Липницкаја со 15 години и 42 дена се запиша во историјата на Зимските Олимписки игри како најмлада учесничка која стигнала до најсветло одличје.


Липницкаја до златниот медал стигна во дисциплината уметничко лизгање заедно со нејзиниот тим составен од Евгениј Плушенко, Ксенија Столбова, Федор Климов, Татјана Волосожар, Максим Транков, Екетарина Боброва, Дмитриј Соловјев, Јелена Илиних и Никита Кацапалов.

Сребрениот медал од оваа дисциплина замина во рацете на канаѓаните, а бронзениот го освои селекцијата на Америка.

Мх.П.