Се вжештува борбата за втората позиција во првата ракометна лига која обезбедува  бараж меч за влез во елитата.  Охриѓани кои се на делба на третото место на табелата добиваат жестока конкуренција во екипата на струмички Зомимак. Првопласираниот Текстилец кој е единствен со максимален ефект го “резервираше“ првото место додека избраниците на Андовски заостануваат еден бод зад второпласираниот Радовиш.


Струмучкиот состав со големи амбиции влегува во вториот дел од сезоната, откако ги ангажираше искусните ракометари Игор Милосављевиќ од Кавадарци, Мите Караиванов од Пелистер, Мики Пандев и Ристо Лазаров. Зомимак по првиот дел заврши на осмото место со биланс од шест победи и шест порази и заостануваат шест бодови зад охридскиот тим.

Во првиот натпревар од есенскиот охриѓани славеа како гости со минимални 25-24.  Стартот на лигата е закажан за 4 март кога охриѓани на домашен терен го пречекуваат Пелистер Ј. Претходно во купот во првата рунда ќе се судрат Охрид и Струга.

Мх.П.