Предлог-одлуките за давање согласност околу зонското паркирање и утврдувањето на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини  Извори“, се меѓу останатите точки на дневен ред на седницата на советот на општина Охрид што ќе се одржи во четврток, 14-ти јуни.

Советниците ќе расправаат и за годишниот план за  вработување за 2018 година, правилникот за субвенционирање на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност, прифаќањето на донација за реконструкција на детска градинка „Развигорче“, како и предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“.

OhridNews