Јавната установа национален парк Галичица доби нов директор. Со оваа установа во наредниот период ќе раководи Зоран Велјаноски, досега вработен во охридската Локална самоуправа, кој од денес веќе е на новото работно место.

Конкурсот за избор на директор на оваа јавна установа беше распишан во месец март годинава, откако на претходниот директор, Зоран Ангелоски, мандатот му истече на крајот на минатата година.

OhridNews