Зорана Попоска од Таеквондо клубот „Мастер” од Охрид се закити со златен медал освојувајќи прво место во дисциплината форми, додека Byк Бурмаја во дисциплината борби на Меѓународниот натпревар во ІТF Таеквондо.

Значајни резултатите постигнаа и другите натпреварувачи од клубот меѓу нив Христина Стојкоска освојувајќи 3. место, бронзен медал во дисциплината форми и Димитар Филев – 2. место, сребрен медал во дисциплината борби.

Раководството на клубот изрази задоволство од постигнатиот успех и верба во уште подобри резултати во иднина.

Инаку, клубот „Мастер” е првиот таеквондо клуб во Република Македонија од оваа боречка вештина, основан во 1991 година од основоположникот на Македонската традиционална таеквондо федерација, Саша Поповски.

Особена благодарност упатуваме до Општина Охрид, ЈО Градски Пазар, тренерскиот тим, родителите и сите поддржувачи на клубот кои со својата несебична поддршка придонесуваат за развојот на младите спортисти и популаризацијата на таеквондото во Македонија, истакнуваат од клубот.

OhridNews