Сегашниот тренер на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола година и пол по разделувањето со Барселона ги откри причини поради кои заминал од Ноу Камп. Каталонците со него на клупата освоија шест титули во една сезона, а во четирите сезони донесе уште една титула во ЛШ, две во Ла Лига и затоа неговото заминување беше во голема мера неочекувано.

Најтрофејниот тренер во Барселона не го окарактеризира Лионел Меси како главна причина за неговото заминување, но „пушти вода“ која допрва треба да даде други одговори.
– Во тимот на Барселона имаше многу ѕвезди исто како и сега во Баерн Минхен. Меѓутоа место на теренот има само за 11 фудбалери, а кога ќе го изоставев Меси од составот секогаш имаше проблеми – додаде Гвардиола.
Преземањето на палката во екипата на Баерн Минхен, Гвардиола ја договорил уште во 2011 година кога Барселона и „баварците“ се сретнаа во Минхен за време на Ауди купот.
– Тогаш зборувававме со Румениге и Хенес за моите и нивните идни планови. Никој ништо не кажа, а многу работи останаа нејасни што подоцна ги разјаснивме – потенцираше Гвардиола.
Пред да се официјализира договорот со најтрофејниот германски клуб шпанскиот фудбалски стратег имал отворена понуда од Милан.
Мх.П.











