Сегашниот тренер на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола година и пол по разделувањето со Барселона ги откри причини поради кои заминал од Ноу Камп. Каталонците со него на клупата освоија шест титули во една сезона, а во четирите сезони донесе уште една титула во ЛШ, две во Ла Лига и затоа неговото заминување беше во голема мера неочекувано.

– По елиминацијата од Челси во 2012 година од Лигата на Шампиони беше преголем удар за мене, играчите и навивачите. Бевме многу подобри од нив, а не успеавме да ги победивме. После тој меч осетив дека повеќе неможам да ја подигнам екипата и да ја вратам на стариот пат. Едноставно недостасуваше нова крв за успех во клубот – рече Гвардиола.

Најтрофејниот тренер во Барселона не го окарактеризира Лионел Меси како главна причина за неговото заминување, но „пушти вода“ која допрва треба да даде други одговори.

– Во тимот на Барселона имаше многу ѕвезди исто како и сега во Баерн Минхен. Меѓутоа место на теренот има само за 11 фудбалери, а кога ќе го изоставев Меси од составот секогаш имаше проблеми – додаде Гвардиола.

Преземањето на палката во екипата на Баерн Минхен, Гвардиола ја договорил уште во 2011 година кога Барселона и „баварците“ се сретнаа во Минхен за време на Ауди купот.

– Тогаш зборувававме со Румениге и Хенес за моите и нивните идни планови. Никој ништо не кажа, а многу работи останаа нејасни што подоцна ги разјаснивме – потенцираше Гвардиола.

Пред да се официјализира договорот со најтрофејниот германски клуб шпанскиот фудбалски стратег имал отворена понуда од Милан.

Мх.П.