Луис Суарез, третиот најдобар стрелец во историјата на Барселона, од оваа сезона ги тероризира противничките голмани во дресот на Атлетико Мадрид. Уругаваецот, во досегашниот дел од сезоната има одиграно 23 натпревари, постигнал 16 голови. Тој ја предводи листата на најдобри стрелци во Ла Лига.

Суарез, секогаш има иста прослава на головите, бакнува три прста на раката и тетоважата која се наоѓа на горната страна на еден од неговите прсти на десната рака. Уругваецот објаснил зошто секогаш на тој начин ги прославува головите.

Трите прсти ги претставуваат моите деца Делфина, Бенјамин и Лаутаро, потоа следува бакнеж во тетоважата која ја направив во чест на мојата сопруга, – изјавил Суарез.

OhridNews