ЈЗУ Општа Болница Охрид дава на користење донација од висококвалитетна специјализирана електромоторна инвалидска количка.
Желба на донаторот е количката да биде подарена на лице со Амиотрофична латерална склероза АЛС .
Амиотрофична латерална склероза (АЛС, понекогаш наречена болест на Лу Гериг, болест на моторните неврони) е прогресивна и подмолна болест.
Со оглед на тоа дека оваа болест е ретка, искрено се надеваме дека најдобро би било да нема ниту една болна личност за да ја искористи, но за жал доколку има некој со такво или слично заболување Ве молиме да не информирате преку приватна порака на Facebook профилот на ЈЗУ Општа Болница Охрид. Доколку се јават повеќе баратели, стручна лекарска екипа и социјален работник ќе одредат на кого му е најмногу потребна, информираат од болницата.
Апелираат на разбирање и толеранција, разумно и коректно количката да биде подарена на вистинска личност.
Инаку, АЛС е невролошко заболување кое се карактеризира со прогресивна дегенерација на моторните неврони – клетки во ‘рбетниот мозок и мозокот, што доведува до парализа. АЛС последователно доведува до мускулна атрофија и мозокот целосно ја губи способноста да ги контролира мускулите.
Еден од симптомите се грчеви во мускулите. За разлика од Алцхајмеровата болест, оваа болест не секогаш го оштетува мозокот на пациентот. Дури и еден од генијалните умови на физиката, Стивен Хокинг, развил АЛС и бил ограничен во инвалидска количка,но продолжил да работи.
OhridNews












