Под мотото „Сите заедно да му помогнеме на Илија“, во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва во 19 часот ќе се одржи голем хуманитарен концерт. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 15-годишниот Илија Јосифовски кој боледува од леукемија.


На хуманитарниот концерт ќе учествуваат голем број музички групи и изведувачи, како  „Некст тајм“, Мартин Србиновски, Дарко Илиевски, Денис Мурат, Ѓоко Танески, групата „Камелеон“, Жармена и многу други. 

OhridNews