Лондонскиот Биг Бен без престан ќе ѕвони три минути, со што ќе го најави отворањето на Олимписките игри. Часовникот во Вестминстерската палата ќе ѕвони 42 пати, во периодот од 8:12 до 8:15 часот наутро, со што на 27. јули ќе го означи првиот ден од Игрите.

Ове ќе биде првпат по 1952 година, Биг Бен да работи надвор од вообичаениот распоред, на 15. февруари таа година часовникот ѕвонел 56 пати во минута поради погребот на кралот Џорџ VI.

Ѕвоната ќе се слушнат во целта Британија, од Шетландските острови до најзападната точка на Англија. Ѕвоната ќе се огласат во 8:12 часот во парламентот на Велс, во парламентот на Шкотска и во Северна Ирска.

Ѕвонењето треба да преставува светски рекорд, за најголем број на ѕвона кои ѕвонат симултано.

Ohridnews