После долгата соработка на фестивалот “Охрид те сакам” и фестивалот “Tempietto” од Рим преку која настапија многу музичари од Италија во Охрид, од ова лето, поточно од 4-ти јуни до 7-ми октомври 2013, двата фестивала заедно организираат повеќе од 150 концерти во еден од најзначајните театри во Рим “Teatro di Marcello”. Тука веќе настапија музичари од Македонија со свој солистички концерти, но исто така настапи и младиот виртуоз на виолина Даниел Мојсоски ученик во основното училиште „Методи Патче“ од Охрид.
Главната цел на овој проект е промоција на младите и талентирани музичари од Македонија во Рим но исто така и промоција на градот Охрид во текот на сите концерти каде ќе поминат повеке од 30.000 илјади љубители на класичната музика.
Соработката со фестивалот “Tempietto” е заслуга на организаторот на фестивалот “Охрид те сакам” Емилија Маринова, која вечерва ќе одржи целовечерен концерт во “Teatro di Marcello” во Рим со почеток во 20:30 часот. Покрај ова, Маринова самостојно, без поддршка од институциите, изработи пропаганден материјал за Охрид и Македонија, кој ќе и биде поделен на публиката.
Емилија Маринова
Вечерашниот концерт на Емилија Маринова во Рим се организира и во соработка со лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид и дел од средствата ке бидат наменети за најмладите музички надежи на кој ке им е потребна помош за нивното школување и усовршување.
OhridNews