Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднoкратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на Oпштина Охрид.
Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете. Повеќе информации за јавниот повик на линкот.
OhridNews












