Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог – идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2025 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на културата, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за развојот на културата во општина Охрид.

Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на културата, се наведува во повикот.
Јавниот повик ќе трае најдоцна до 05.11.2024 година (вторник), до 15.00 часот. Повеќе детали за јавниот повик на линкот.
OhridNews












