ЈП Охридски Комуналец со активности на терен за одржување на јавната чистота. Екипите спроведоа акции за чистење на неколку локации во градот.
Се чистеше крајбрежниот појас на потегот од хотел Метропол до село Пештани од расфрлан ситен комунален отпад, извршено е чистење на суводолицата и околниот простор во село Пештани се’ до нејзиното влевање во езерото, а спроведено е и чистење на околниот простор од река Сушица на потегот до пресек со ул. „Живко Чинго“, велат од претпријатието.
Додаваат дека извршено е и темелно чистење на поплочениот дел и граничниците на патеката на потегот од канал Студенчишта до Парк, а реализирани се и вонредни активности за чистење на крајбрежниот појас од градско пристаниште до Холандски Парк.
OhridNews
















