Екипи на ЈП Охридски Комуналец со сезонски активности за одржување на јавната хигиена. Во оваа насока, а Согласно Програмата за работа за 2025 год., посочуваат од претпријатието, на плажата Горица 3 поставени се 10 канти со капацитет од 240 литри за депонирање на ситен отпад.

На оваа јавна плажа дежурните екипи започнаа со секојдневно одржување на хигиената, а почнувајќи од месец јули ќе се постават канти и на плажите кои не се дадени под концесија на потег од Лагадин до Пештани, потенцират.

Темелно, велат, се чисти плочникот и околу клупите и садовите за депонирање ситен отпад од тврдокорни остатоци на патеката од канал Студенчишта до Горица.

OhridNews