Ќе се решава проблемот со водоснабдувањето на жителите од село Вапила. На денешната одржана средба на жителите со градоначалникот Кирил Пецаков, секретарот Александар Китески и директорот на ЈП Водовод Охрид биле договорени привремено, но и трајно решение на проблемот.

На состанокот беше дискутирано за дведеценискиот проблем со водоснабдувањето. Беше договорено привремено решение со изградба на нова бушотина, активности кои ќе започнат од утре, со цел привремено обезбедување на вода за жителите, како и трајно решение преку поврзување на селото Вапила со градскиот водовод со што ќе се обезбеди стабилно и долгорочно водоснабдување, информираат жителите.

Инаку, жителите од Вапила претходно реагираа и апелираа до надлежните институции задолжени за водоснабдување итно да преземат мерки и да овозможат редовно и сигурно водоснабдување.

OhridNews