Општина Струга го намали долгот за над 1,5 милиони евра од обврски акумулирани низ годините. Од нив 570.000 евра исплатени преку директни договори со доверителите, 200.000 евра камати простени од доверителите и 750.000 евра исплатени во извршни постапки преку механизмот „од должник до должник“.

Со ова како што посочи градоначалникот на Општината, Менди Ќура на денешната прес конференција, преземен е еден од најважните чекори кон санација на општинските финансии и создавање простор за нови инвестиции во служба на граѓаните.

Од јануари досега исплатени се околу милион и 550 илјади евра од долгови наследени од 2007 година наваму. Со овој чекор одиме брзо и прогресивно напред за да ја тргнеме рамката од која општината не може години наназад да функционира. Дел од странките се откажаа од каматите, износ кој е околу 200 илјади евра, со што фактички се намали долгот на општината. Со овој долг и другите долгови што се исплатени, исплатениот долг стигнува до износ од милион и 550 илјади евра, истакна Ќура.

Додаде дека продолжуваат и понатаму да работат во оваа насока за Општина Струга за кратко време да нема рамка и да може да профункционира и да инвестира, односно да се зголеми буџетот на Општината.

Н.С.Ј.