Градоначалникот Златко Сиљаноски најавува побрза и поредовна услуга во населените места со зајакнувањето на возниот парк на претпријатието.

Во ЈКП „Дебрца“ пристигна второ целосно ново комунално возило, соопшти градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.

Според него, двете нови возила ги зголемуваат капацитетите на претпријатието и треба да овозможат побрза, поредовна и поквалитетна комунална услуга во сите населени места во општината.

Секој даден збор е обврска. Ова е комунална механизација каква што заслужуваат нашите села и нашите граѓани, порача Сиљаноски.

Градоначалникот истакнува дека обновувањето на возниот парк треба да придонесе за подобро одржување на јавната хигиена и заштита на природата во Дебрца.

OhridNews